Search

FaceApp заработи милион долари за 10 дена

Апликацијата FaceApp заработи милион долари за само 10 дена, пишува Forbes. Приходите се остварени и покрај предупредувања на американските политичари и нивните апели до граѓаните да не ја користат апликацијата произведена во Русија.

Апликацијата користи вештачка интелигенција и е осмислена од руската компанија Wireless Lab. Се прошири како вирус минатата недела по скоро три години постоење.

Меѓутоа, додека корисниците на социјалните мрежи, вклучувајќи и многу познати личности, почнаа да споделуваат фотографии изменети со помош на филтри, американскиот сенатор од редот на демократите, Чак Шумер се заложи ФБИ да покрене официјална истрага за апликацијата, поради наводни ризици по националната безбедност и приватноста.

Изгледа дека целата хајка овозможи апликацијата да заработи повеќе пари, пишува Forbes. Според податоците на глобалниот провајдер за податоци App Annie, податоците на компанијата покажуваат дека од 9 јули до 19 јули апликацијата заработила милион долари, што е скоро 10 проценти од нејзините досегашни вкупни приходи. Преземена 6,5 милиони пати.

Корисниците на Apple најмногу придонеле за најновиот приход на апликацијата. Иако филтрите во апликацијата се бесплатни, корисниците мораат да платат за да се отстрани реклама и виден жиг од фотографиите и за да добијат пристап до дополнителните филтри. Основачот кој стои зад апликацијата, Јарослав Гончаров, одби да го коментира извештајот на Forbes.

 

Треба да знаете
Последни објави