Исплатата на декевмриските пензии според редовниот термин ќе се случи на првиот работен ден во новата 2025 година, на 02.01 (четврток)
Сепак, дел од банките решија пензиите кон нивните клиенти да ги исплатат пред време.
Пензионерите со сметка во Комерцијална банка своите пензии на располагање ќе ги имаат веќе од утре, односно од 30.12.2024.
Во Македонија има над 330.000 пензионери.