Search

Експлозија во Шведска: Полициска станица во Малме нападната со бомба!

 

Силна експлозија одекнала во дворот на полициската станица во шведскиот град Малме – експлозијата била предизвикана од рачна бомба, пренесуваат шведските медиуми.

„Местото на експлозијата е обезбедено и затворено, а експертите за експлозивни направи се на пат кон полициската станица“, изјави портпаролката на полицијата Ана Горансон за шведските медиуми набрзо после експлозијата.

Наводниот напад со бомба се случил недолго после 21:00 часот по локално време во дворот на полициската станица. За среќа во нападот никој не бил повреден, но неколку автомобили биле оштетени, откри портпаролката на полицијата.

Засега шведските власти и натаму немаат официјална потврда што ја предизвикало експлозијата, иако локалните медиуми со сигурност тврдат дека станува збор за експлозија на рачна бомба.

Полицијата засега нема потврдено дали некој е уапсен, а некои медиуми откриваат дека биле приведени две лица. До експлозијата дошло наводно откако до полициската станица претходно се приближиле две непознати лица. На местото на инциденот, како и на други локации во Малме се распоредени вооружени полицајци.

Треба да знаете
Последни објави