Skip to main content
Македонија

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места

21/08/2026  18:50

Пожар избувна во реонот на селото Никуштак, каде противпожарни екипи и припадници на Национални шуми се ангажирани во обид огнот да биде ставен под контрола и да се спречи неговото понатамошно ширење.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е на терен и директно ја следи состојбата и координацијата на активностите за справување со пожарот.

Според информациите од ЦУК, во интервенцијата се вклучени екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и Национални шуми, а на располагање се три противпожарни возила.

Во текот на денот се очекува да биде извршена и интервенција од воздух, доколку тоа го дозволат метеоролошките услови.

Главен приоритет на екипите е пожарот навремено да биде локализиран, да се спречи неговото ширење кон околните подрачја и да се заштитат населените места и имотот на граѓаните.

Од надлежните институции апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни, да не се движат непотребно во подрачјата зафатени или загрозени од пожарот и да ги почитуваат насоките на службите на терен.