Skip to main content
Свет

Една четвртина од Британците сметаат дека Трамп е поопасен од терористичките организации

08/05/2025  18:20

Резултатите од најновата анкета покажуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголема закана по безбедноста на Велика Британија од терористичките организации.

Дваесет и четири отсто од британските испитаници одговориле дека Трамп е најголема закана за државната безбедност, а 22 проценти одговориле дека тоа се терористичките организации.

Додека Трамп како опасност е веднаш по Русија, за која се изјасниле 34 отсто.

Речиси половина од Британците очекуваат дека Трамп ќе ја влоши британската економија (47 проценти), додека 45 отсто мислат дека тој ќе ѝ наштети на безбедноста и сигурноста на Велика Британија.

Во анкетата на „Џе Ел Партнерс“ (JL Paretners) испитани се 2.209 лица од 14 до 19 март.