
Со брза, прецизна и професионална интервенција, специјалните сили на ЕБР, заедно со интервентната и сообраќајната полиција, го уапсија осомничениот убиец и четворица негови помагачи, кои се обидоа да избегаат по синоќешното убиство во центарот на Штип истите вечерва ее извадени пред Судот во Штип.
Напаѓачот, државјанин на Турција, кој со огнено оружје го застрела 25-годишниот сонародник, се обиде веднаш да ја напушти локацијата со возило „БМВ“, заедно со соучесниците.
Полицијата веднаш организирала координирана акција, поставувајќи блокади на патот кон Скопје и користејќи дронови за следење на движењето на возилото. На наплатната рампа Миладиновци, возачот ја пробил полициската блокада и продолжил со голема брзина, но за кусо време, возилото било лоцирано и запрено, а сите осомничени биле приведени.
Со оваа брза и решителна реакција, полицијата спречи нова евентуална закана и демонстрираше високо ниво на одговорност и ефикасност.