Search

Eдинствениот преживеан од автомобилот на Шабан: „Тој не сакаше да оди на настапот“

Единствениот преживеан од автомобилот во кој Шабан Шаулиќ загина во неделата, неговиот кум и пријател, Слободан Боби Стојадиновиќ, проговорил за последните денови од животот на пејачот.

Стојадиновиќ сè уште се опоравува од сообраќајната несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, но на новинарите им раскажал дека Шаулиќ не сакал да оди на последниот настап, иако успеале да го наговорат.

„Знаеше да ме праша каде работиме наредниот ден, а кога беше последниот настап во прашање и кога слушна дека е во Германија, ми рече: ‘Па зошто не го преместиме за некој друг пат? Сега бевме во Германија, зошто да одиме повторно?’“

„Му реков дека тоа е некој порано договорен настап и дека станува збор за друг град и дека тоа му го должиме на менаџерот, па ќе одмараме во март и април“, рекол Стојадиновиќ.

Кумот и пријател на Шабан, открил дека Шабан во последно време сакал да се одмора и времето да го поминува дома и дека го замолил него и сопругата Гордана, да му закажуваат што е можно помалку настапи.

Треба да знаете
Последни објави