Skip to main content
Свет

Две лица со сомнеж за мајмунски сипаници хоспитализирани во Санкт Петербург

27/11/2026  10:24

Две лица се хоспитализирани со сомнеж за мајмунски сипаници во Санкт Петербург, Русија, и се наоѓаат под медицински надзор, соопшти прес-службата на меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за градот и регионот. Роспотребнадзор е државна институција задолжена за здравствен надзор и заштита на потрошувачите.

„Во текот на епидемиолошката истрага се работи на идентификација на контактите. Две лица се хоспитализирани и се под медицински надзор. Издадени се налози за дезинфекција“, се наведува во соопштението.

Роспотребнадзор разви и регистрираше современи, високотехнолошки тест-системи за дијагностицирање мајмунски сипаници, кои овозможуваат брзо откривање на вирусот.

Кон средината на октомври, прес-службата на Меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за Санкт Петербург и Ленинградската област соопшти дека пет лица со сомнеж за мајмунски сипаници биле хоспитализирани во Санкт Петербург во блага до умерена состојба. Пациентите биле отпуштени од болница две недели подоцна.