Skip to main content
Хроника

Две лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

14/04/2026  14:36

На 13.04.2026 во 21:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 35-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека на 13.04.2026 околу 23:00 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ј.(42) од Скопје. Исто така И.Ј. пријави дека бил физички нападнат од С.А. и С.Т., роднини на неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.