Search

Две години условна казна затвор за Ивона Талевска

Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото даночно затајување.

 

Талевска ќе треба да ја врати целата сума од приближно 2,5 милиони денари, за која се сомничеше во случајот „Тифани“, а  дополнително да исплати и 76 илјади денари, како трошоци за вештачењето.

Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена. Новинарката Ивона Талевска има право на жалба.

Денеска во судот Талевска се изјасни за виновна. Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.

 Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.

Треба да знаете
Последни објави