Skip to main content
Хроника

Двајца скопјани уапсени барани со потерници – еден од нив за казна од четири години

14/05/2025  21:54

Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници.

На територија на Центар лишен од слобода е С.Р.(75) од Скопје, баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од четири години по член 357 ст.6 во врска со ст.1 од КЗ.

На територија на Аеродром е лишена од слобода М.М.(29) од Скопје, барана со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна по член 297 ст.1 од КЗ.

Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено поправни установи.