Skip to main content
Македонија

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

14/05/2025  22:09

Иван Ивановски „Support Kocani” во вечерешната Топ Тема се осврна на проблемите во кочанската болница. И покрај донацијата која успеале да ја набават за болницата во која донеле хипербарна комора која би помогнала на повредените од пожарот, сепак таа стои надвор од употреба.

„Ние од „Support Kocani” однесовме во болницата во Кочани една машина која ќе им помогне на луѓето за заздравување на раните. До ден денес машината уште не е во функција. Нема специјалист што таа машина ќе ја стави во функција“ вели Ивановски.

Тој потенцира дека како што поминува времето се повеќе се заборава и зборува за Кочани. Ивановски додава дека моменталната ситуација во Кочани можеби од страна изгледа дека е под контрола, но тоа е далеку од вистината.