Skip to main content
Хроника

Двајца гостиварци измамиле лице со одземена деловна состојба и за „без пари“ му ја купиле куќата

08/01/2025  16:06

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против З.М.(51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство” и „измама” и против С.К.(76) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање” и „измама”.

Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари.