
Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, вчера во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни околу 21 часот, на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавата, момчето познавало двајца од напаѓачите.
Во вториот случај, истиот ден околу 23:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи.

