Skip to main content
Македонија

ДУИ: Владата која ја оштети економијата и ја изолира земјата, нема морален мандат да продолжи

21/04/2026  11:49

За нешто повеќе од една година, владата Мицкоски ја уништи економијата, го саботираше европскиот пат, ги нападна правата на Албанците и ја одржува групацијата „Влен” заробена преку принуда и кривична изложеност на нејзините лидери.

Ветувањата за „плата од 1.000 евра” и „рекордни инвестиции” се претворија во минимална потрошувачка кошница од 68.797 денари месечно, плата која не ги покрива ни основните потреби, и пад од 61% на странските директни инвестиции— само 468 милиони евра, еден од најлошите резултати во цел Балкан.

Кумулативната инфлација за пет години изнесува 38,6% скоро двојно повеќе од регионалниот просек.

Пазарот го оцени ова владеење со бегство на капитал не со аплауз.

Европскиот пат, посакуван од 70% од граѓаните останува блокиран не само поради надворешни вета, туку поради активното одбивање на оваа влада да ги почитува постигнатите договори.

Албанија напредува. Црна Гора, Молдавија и Украина имаат јасни хоризонти.

Северна Македонија стои осамена, без преговори, без перспектива.

Со оддалечувањето на Унгарија од московската орбита, Мицкоски и Вучиќ останаа последните активни руски проксии во регионот што се гледа секојдневно во реториката, одлуките и сојузниците на Скопје.

Албанскиот народ 30% од вкупното население беше мета на оваа политика, не нејзин партнер.

Охридскиот договор, јазикот, институционалното претставување: сето тоа се доведува систематски во прашање.

И групацијата Влен, која требаше да ги претставува Албанците во власта, нема слобода да каже не.

Нејзините лидери се држат под контрола на премиерот Мицкоски преку принуда и кривична изложеност коалиција заробена, не избрана.

ДУИ бара итна одговорност.

Влада која ја оштети економијата, ја изолира земјата, ги нападна Албанците и служи како предводница на руското влијание нема морален мандат да продолжи.