Skip to main content
Хроника

Драма во тетовската болница: Лекари му укажувале лекарска помош, а тој ги нападнал

14/04/2025  13:11

Млад тетовец нападнал две лица кои му укажувале лекарска помош во тетовската болница.

Вчера во 22.45 часот во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(23) од село Теарце, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Б.М.(32) од Тетово и Ф.И.(21), вработени во Клиничка болница Тетово, додека му укажувале помош.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.