Skip to main content
Свет

Драма во Германија: Околу 340 патници евакуирани од воз поради закана од вооружен маж

11/03/2025  18:06

Германската полиција денеска евакуираше околу 340 патници од воз на пат од Келн кон Берлин, откако вооружен маж им се заканувал на персоналот со нож.

Возот бил запрен и евакуиран во северниот град Гифхорн, откако 44-годишен маж им се заканил на персоналот со нож и долг опасен предмет, а полицијата потоа го уапсила осомничениот, пренесува Индипендент.

Се наведува дека возот бил евакуиран поради можноста внатре сè уште да има опасен предмет, а федералната полиција и двајца ракувачи на кучиња го пребарале возот и набрзо потврдиле дека нема опасност.

Сè уште нема информации за патници кои можеби се повредени во инцидентот, а осомничениот е веќе познат на полицијата.