Skip to main content
Македонија

Доаѓа голема промена на времето: Од среда нестабилно со локален дожд и снег

10/02/2025  13:02

До среда времето ќе биде стабилно и студено, особено наутро, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст, инмформира УХМР.

Според прогнозата, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда, најпрво во планинските региони и потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе врне и дожд и снег.

Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места, најавува УХМР.