February 16, 2019 16:57
Македонија

Џафери: Потпишувањето на указот за Иванов не е алтернатива,туку обврска

Џафери: Потпишувањето на указот за Иванов не е алтернатива,туку обврска

Се очекува законот за јазиците да стапи на сила и со тоа да се заокружи нормативниот дел што произлегува од Охридскиот договор, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за „Гласот на Америка“.

Најавата на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот Џафери го оценува како неспроведување на уставните обврски.

– Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време. Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто. А поради тоа што произлегува како обврска, и обврската нема рокови и Уставот не предвидува рокови за применување на истото. Значи дека тоа е негова обврска – рече Џафери.

Во однос на инцидентот поттикнат од поранешниот премиер Никола Греувски во текот на гласањето на законот за јазиците, Џафери посочува дека според деловникот на Собранието не се предвидуваат некакви казнени санкции за однесувањето на пратениците во собраниската сала.

– Поради ова сметам дека не треба да се мисли во таа насока, бидејќи за пратениците единствена одговороност е моралната и политичката одговорност која се израсува на парламентарни избори. Јасна е сликата и која е казната за Никола Груевски на парламентарните избори во 2016 и на локалните избори во 2017 – посочува Џафери.

Во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене интерпелација за него во однос на начинот на гласање за законот за јазици, Џафери вели дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала медиумскиот пат за комуникација и дека во Собранието немаат поднесно никаков материјал во врска со тоа.

Во однос на заканувачките собири пред куќите на пратениците од СДСМ, Џафери смета дека во моментот кога правото за протест се претвара во насилство и го загрозува животот на некого тоа веќе не е протест.

– Тоа е казниво дело и е одговорност на соодветните институции, кои мора да го обезбедат животот и имотот не само на пратениците, туку и на секој граѓанин во Република Македонија – вели Џафери во интервју за „Гласот на Америка„.

Според него овој начин на однесување може да има негативно влијание врз одлуките на Брисел за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ.

Related posts

Зеќири: Поддршката од ЕУ е 260.000 евра дневно и дополнително ќе расте

24news

Бошњаковски: Средбата на Заев и Ципрас исчекор кон конечно решение

24info

(Фото) Министерство за здравство потврди дека Државниот секретар зема одвоен живот покрај тоа што има само 87.5 км до Штип

24news