Skip to main content
Економија

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, продолжуваме со забрзан економски раст

02/05/2025  12:58

Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7% од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ.

MK Summit

„Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4% од БДП на крајот на 2024 година се спушти на 57,7% што е резултат на мерките што ги преземаме за фискална консолидација , мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.