Skip to main content
Хроника

Девојче од Кичево тешко повредено откако било удрено од коњ

21/07/2026  12:55

На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска” во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче.

Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава.