Skip to main content
Магазин

Денеска е Божиќ, но и именден на лицата кои ги носат овие имиња

07/01/2025  11:03

Денеска е Рождество Христово – Божиќ, празник на радоста и надежта.

Покрај Божиќ, денеска именден празнуваат оние кои се викаат Христо, Христина, Божин, Божидар, Ристо, Ристана…

Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи.