Search

Денес судење на Груевски и Јанакиески за предметот „Траекторија“

Поранешниот премиер, Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денес повторно ќе влезат заедно во судница, но овој пат за ново обвинение.

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажан стартот на судскиот процес за случајот на СЈО познат под кодното име „Траекторија“. Задно со Груевски и Јанакиески во овој предмет обвинети се поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, како и директорот на Агенцијата на државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Во овој предмет четворицата се сомничат дека во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист.

Треба да знаете
Последни објави