Skip to main content
Хроника

Четворица малолетници со месеци малтретирале дете во автобус во Скопје

28/04/2026  14:09

Вчера во 18:10 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син во повеќе наврати бил жртва на вербално малтретирање додека се возел во автобус.

Според пријавата, инцидентите се случувале околу средината на март, како и во текот на овој месец, а зад вознемирувањето стоела иста група од четворица малолетници.

Мајката посочила дека нејзиниот син бил навредуван и психички вознемируван за време на возењето во јавен превоз.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, идентификување на инволвираните лица и утврдување на сите околности.