Search

Царовска до децата од социјалните центри: За вас ќе се грижиме секој ден!

Царовска до децата од социјалните центри: За вас ќе се грижиме секој ден!

Mила Царовска, министерката за труд и социјална политика новогодишната ноќ ја помина со децата од социјалните центри од Скопје.

„Нова Година е време кога се дружиме со најблиските, но и време да се сетиме на оние кои се често заборавени од општеството. Оваа Нова Година решив да посетам ококу 130 дечиња од домовите во Скопје. Мојата порака е дека за нив ќе се грижиме секој ден од годината, не само овој.

Голема благодарност до мојот колега и другар Војо, кој со своите животинки ни ја разубави вечерта и квалитетно ни го исполни времето со нови егзотични информации. Среќна ви Нова на сите!“, напиша министерката Царовска, на својата Фејсбук страница.

Треба да знаете
Последни објави