Search

Борис Георгиевски нов претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Новоизбраниот претседател посочи дека негова цел ќе биде вистинскиот рамномерен развој на регионот со акцент на руралните региони.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски е избран за претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион (СПР) на денешната конститутивна седница.

Новоизбраниот претседател посочи дека негова цел ќе биде вистинскиот рамномерен развој на регионот со акцент на руралните региони.

– Ќе работиме отворено и транспарентно со крајна цел подобрување на условите на граѓаните во сите општини. Идната соработка на општините од СПР ја гледам во изготвување на развојна стратегија и програма за развој на регионот, акционен план за имплементација, како и стручна и техничка помош на локалните самоуправи и поттикнување на меѓуопштинската соработка – рече Георгиевски.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски, рече дека вкупниот буџет за рамномерен регионалан развој за 2018 година е околу 6 милиони евра од Министерството и Бирото за рамномерен регионален развој.

– Општините да ги искористат можностите и инструментите за меѓуопштинска соработка за соодветно решавање на проблемите. Крајна цел треба да биде да добиеме одржливи, ефективни и ефикасни општини за квалитетен живот на сите граѓани подеднакво – Павлевски.

Посочи дека работата на систем за детектирање колку централните власти преку сите линиски министерства издвојува или ќе издвојува за рамномерен регионален развој, со што во иднина ќе се достигне сумата од 100 милиони евра.

Претходно беа верификувани мандатите на градоначалниците на Град Скопје, Аеродром, Арачиново, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари, кои се членови на Советот.

На денешната седница своето отсуство го најавија градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чучер – Сандево Јован Пејковски, градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садики и градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски. 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави