Skip to main content
Забава

Бојадисување јајца со сода бикарбона – нов интересен велигденски тренд

13/04/2025  17:00

Ако годинава сакате да испробате нов, поинтересен начин за боење на вашите велигденски јајца, ви нудиме предлог со едноставни состојки: сода бикарбона, оцет и гел бои за храна. Резултатот се вистински мали уметнички дела. Комбинацијата на сода и оцет создава пенлива реакција која ја дистрибуира бојата по површината на јајцето во апстрактни и шарени обрасци – идеален за секој кој сака бои, текстури и ефективен резултат без многу напор.

Потребно: Стаклен сад, метална лажица, калап за мафини, четки за бојадисување, мерни лажици и гумени ракавици.

Состојки: Тврдо варени јајца, сода бикарбона, вода, оцет и гел боја за храна.

Процесот погледнете го на видео со клик ТУКА.