Search

Богов: НБРМ не смее да остане без гувернер

Богов: НБРМ не смее да остане без гувернер

Сите што мислат дека Народната банка може да функционира без гувернер или се неинформирани или знаат добро во што ја впуштаат македонската економија. Ова го изјави гувернерот Богов на новинарско прашање “Што ако се оствари ова сценарио?”. Тој вели дека според Законот некои одлуки може да ги носи само гувернерот. Народната банка ја одржува ценовната стабилност и се грижи за сигурноста на банкарскиот сектор. Доколку позицијата остане празна ќе има сериозни негативни ефекти.

Сепак Богов е оптимист дека политичките партии ќе се договорат и до 20ти мај ќе се избере кормиларот на монетарната политика. Вели дека освен двајцата кандидати што се во фокусот земјава има повеќе професионалци кои би можеле да застанат на чело на оваа институција.

Инаку Народната банка ја задржа проекцијата за раст на економијата од 3,2 отсто годинава и 3,5 следната година и покрај намалените прогнози на меѓународните институции. Движечки фактори се извозот инвестициите и личната потрошувачка. Но ризик се капиталните инвестиции кои за три месеци се со реализација од само 7 отсто. Се очекува инфлацијата да се движи околу 2 отсто а умерени промени во нагорна линија има и кај депозитниот и кредитниот раст.

Треба да знаете
Последни објави