Skip to main content
Скопје

Без вода и струја утре повеќе улици во Скопје

08/07/2026  21:34

Без вода утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, прекинот на водоснабдувањето во Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2, додека во Бардовци се изведуваат работи за поставување нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци со фреквентни регулатори.

Од РЦУК информираат и дека поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија од 8 до 13 часот ќе останат корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај, а од 8 до 14 часот дел од корисниците на улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче, општина Аеродром.

Во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улица 3 и на улицата „Индира Ганди“, додека од 9:30 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од корисниците на улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и на улицата „Виа Игнација“ кај зграда број 8.