
Едно лице е убиено, а 14 се повредени во напад со украински дрон врз рускиот град Белгород, изјави гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Белгород беше подложен на масовен напад со беспилотни летала синоќа. 14 лица беа повредени“, рече Гладков во објава на платформата Max .
Осум од повредените биле лекувани во градските здравствени установи, додека шест биле упатени на амбулантско лекување, прецизира Гладков.
Во нападот беше оштетена и цивилната инфраструктура.
Најмалку 53 жители на Белгород се сместени во привремени прифатни центри, каде што им е укажана потребната помош.


