Skip to main content
Балкан

Адвокатка тврди: Триесетина лица упаднале на избирачко место во Србија и ги нападнале присутните

25/10/2026  10:17

Триесетина лица упаднале на избирачкото место број 27 во Дољевац, Србија, физички ги нападнале присутните и го нарушиле изборниот процес, тврди адвокатката и политичка активистка од Ниш, Драгана Милутиновиќ, во изјава за Н1. 

Според нејзините наводи, пред избирачкото место имало полиција, но полициските службеници не интервенирале за да ги спречат нападите и да обезбедат непречено одвивање на гласањето.

Милутиновиќ пријавила инциденти и на уште две избирачки места. Како што навела, и таму влегувале лица кои ги нападнале членовите на избирачките одбори.