
Фудбалерите на Коњаспор, чиј дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди, не успеаја да го освојат Купот на Турција откако во финалето загубија од Трабзонспор со 2:1
Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат.


