Search

Автобус со Македонци се судрил со возило во Австрија, загинал возачот на автомобилот

Едно лице загинало, а повеќемина се повредени кога автобус во кој се превезувале 28 патници од Македонија синоќа околу 22 часот се судрил со автомобил во близина на Шлибрах, Австрија, јавува австрискиот медиум Orf.at

Според информациите на медиумите, во сообраќајната несреќа починал 25-годишниот Австриец возач на автомобилот со кој се судрил автобусот. Тој загинал на лице место.

Патниците во автобусот го продолжиле паувањето кон Македонија со друг автобус. Меѓу нив нема повредени.

Нема информации кои се причините за сообраќајната несреќа.

 

Треба да знаете
Последни објави