
Апсење за дрога низ Скопје изминатата ноќ. Од полицијата ги споделија деталите.
Денеска во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Денеска во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 07.03.2025 година во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок против сторителите.