Елизабета е вистински херој која веќе еднаш се избори со ракот на дојка, но животот сега и зададе нов удар и потребни сме и сите ние.
Сега дијагностициран и е тумор на ‘рбетниот мозок, но во Турција и ветуваат дека можат да и го вратат животот во нормала доколку и направат операција која за жал чини многу, а таа и нејзиното семејство за жал моментално ги немаат тие средства, поради што бараат помош од сите хумани граѓани.
“Јас сум Елизабета, жена која со огромна сила и храброст успеа да ја преброди својата најголема животна битка – ракот на дојка. Но, после 1,5 година од последната примена хемотерапија, мислејќи дека најтешкиот период веќе заврши, животот ми зададе нов, уште потежок предизвик. Денес, се соочувам со тумор во ‘рбетен мозок, кој се наоѓа во пределот на вратот, дијагноза која што бара итна операција но и напредни медицински третмани за да продолжи борбата за живот.
Сепак, не се откажувам, па барајќи спас и решение, дојдов до неврохирург во Истанбул, Турција, којшто е субспецијалист за ‘рбетни тумори, кој ми даде надеж дека со операцијата можам да продолжам нормално да функционирам и да водам живот каков што заслужувам. Операцијата е итна и неопходна, со цел да не ја изгубам контролата и функцијата врз моите раце и нозе, но ме чека голем финансиски предизвик. За извршување на операцијата и идните терапии потребни се значителни средства, што претставува голем товар за мене и моето семејство бидејќи сме финансиски исцрпени.
Освен оперативниот зафат, се предвидуваат и физикални терапии, но после испитување на патологијата, можеби ќе биде потребна и нова рунда хемотерапија и радиотерапија. Работам како логопед и навистина уживам во својата работа, помагајќи им на најмалите. Мојата најголема желба е да се вратам на својата професија и да можам повторно да бидам корисна за своето општество, да работам и да водам нормален живот.
Вашата поддршка ќе ми овозможи шанса за нормален живот и можност да продолжам да бидам тука за моето семејство и да допринесам за општеството. Со големо срце и надеж, апелирам до вас добри луѓе, да ми помогнете во овој тежок момент. Секој ваш придонес, ќе значи многу за мене и за моето семејство и ќе даде надеж за иднината. Благодарноста за вашата поддршка е неизмерна.
🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/za-beti-borba-za-nova-nadez
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно”, стои на социјалните мрежи.
Исто така активни се и следните телефонски броеви за донации: 143 434 (Телеком) и 143 480 (А1).