Search

Апел од Богдановиќ: Пријавете ги граѓаните кои расфрлаат отров

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и заменик командирот на ПС ОН “Центар“, на прес конференција упатија апел до граѓаните доколку забележат сомнителна храна оставена на улици и јавно зеленило, веднаш да пријават во општината и во полициската станица за да може да се пристапи кон расчистување.

Ова е неопходно бидејќи по случајот со нападот на куче во Аеродром, граѓаните организирани сами почнаа да поставуваат отров за убивање на кучињата што е опасно, но и штетно бидејќи влијае и врз здравјето врз луѓето, особено врз децата.

“Во досегашното излегување на терен и акциите што ги спроведовме, пронајден е отров во месо и во приготвена храна од ресторани во Капиштец, Буњаковец, Клубот на новинари и кај државна болница. Очигледно се работи за организирана акција која не ја прават 1 или 2 лица, особено активни во ноќните часови. Тешко се доаѓа до сторителите и затоа дел од вработените од општината ќе донираат од своите плати за да се обезбеди награда за оние граѓани кои што ќе пријават расфрлен отров за кучиња“, рече Богдановиќ.

Заменик командирот Милисав Мијаличиќ, упати апел до сите граѓани кои чуваат миленичиња задолжително да ги шетаат со каишка и со маска, бидејќи во спротивно, следуваат и прекршочни пријави.

Општина Центар подготвува пријави против Н/Н лице бидејќи досега, за жал, нема конкретно пријавено сторител, секојдневно има по 4 до 5 пријави, по нив се реагира и ќе се проверува за да се утврди идентитетот на местата каде што имало поставено видео камери.

 

https://www.youtube.com/watch?v=PsazoFgF7H4&feature=youtu.be

 

 

Треба да знаете
Последни објави