Skip to main content
Балкан

Анкара предупредува на надворешна дезинформациска кампања и психолошки операции

25/08/2026  20:17

Дирекција за комуникации утврди обид за активирање „однадвор организирана и насочена стратегија на психолошка операција, насочена против општеството, братството и мирот во земјата“, соопшти Центарот за борба против дезинформации при претседателството, а пренесе опозицискиот весник „Биргјун“.

Од центарот ги повикаа граѓаните да бидат внимателни кон злонамерните содржини, да не им даваат публицитет на објавите со непознато потекло и да им веруваат единствено на официјалните соопштенија.

Центарот за борба против дезинформации (Dezenformasyonla Mücadele Merkezi – DMM) е основан во 2022 година како специјализирана структура во рамките на Дирекцијата за комуникации при претседателството на Турција. Неговата улога е да идентификува, анализира и демантира лажни вести, дезинформациски кампањи и манипулативни пораки на социјалните мрежи и во традиционалните медиуми.