Search

All of Me на Џон Леџенд најслушана љубовна песна на музичката платформа Спотифај

Оваа балада на 41-годишниот американкси пејач Џон Леџенд од неговиот албум Love in the Future (од 2013 година) –  која ѝ ја посвети на сопругата Криси Тиген – се најде на врвот на најпопуларни песни во очи на Денот на вљубените (14 февруари), со 1.1 милјарда стримови на Јутјуб.

Хитмејкерот признава дека сè уште е воодушевен од тоа колку луѓе се „поврзале“ со песната.

Џон – кој има две деца, Луна (3) и Мајлс кој на 16 мај ќе наполни две години, со 34-годишната манекенка – неодамна изјави: „Влијанието на All of Me продолжува да ме воодушевува и инспирира.“

„Ми претставува голема чест фактот дека создадовме нешто што им значи толку многу на голем број  луѓе.“

„Оваа песна ја напишав за да ги искажам своите чувства за жената што ја сакам додека се спремавме да живееме заедно. Но, честопати, најдобрите песни се во можност да изразат нешто на начин што е личен и универзален. Благодарен сум за сознанието дека вљубените од целиот свет се поврзаа со оваа песна и ја направија своја,“ вели пејачот.

Песната ја победи Thinking Out Loud на Ед Ширан во однос на песни од интернет стриминг сервис кои најмногу се појавуваат на плејлистите за Денот на вљубените, („Сент Валентајн“), а била додадена на 29 милиони плејлисти, соопшти сервисот за стриминг на музика Спотифај.

Стриминзите растат најмалку 50% секоја година на Денот на вљубените, а во 2017 година, тие се зголемија за импресивни 85%.

Други хитови во групата топ-10 се Just the Way You Are на Бруно Марс, I Will Always Love You – Витни Хјустон, Can’t Help Falling in Love – Елвис Присли,  My Girl – Темптејшнс, Make You Feel My Love – Адел, Perfect – Ед Ширан, I Don’t Want to Miss a Thing – Аеросмит, и I’m Yours – Џејсон Мраз.

Треба да знаете
Последни објави