Skip to main content
Македонија

Алијанса за Албанците: Меџити ги злоупотребува државните канцеларии за партиски цели

22/12/2024  18:43

Соопштение на Алијанса за Албанците:

Државните институции и државните канцеларии се претвораат во партиски штабови. Функционерите на ВЛЕН се почесто ги злоупотребуваат државните канцеларии за разни партиски активности и цели.

Во канцелариите на министерствата се одржуваат средби со партиските структури, се промовират членови, а се одржуваат и ограноци.

Најново вицепремиерот Изет Меџити за време на викенд имал средба со сопартијци во канцелариите на неговото министерство и оттаму објави фотографии за партиска пропаганда.

Овие постапки се најниска форма на злоупотреба на власта и деградација на самата држава. Канцелариите и министерствата треба да работат за доброто на граѓаните, а не за партиски цели. Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата и сите надлежни органи да го санкционираат ова тешко прекршување од страна на владини функционери од коалицијата Влен.

Го прашуваме вицепремиерот за добро владеење дали гледа што прават неговите сопартијци или е таму да ги заштити нив и нивните злоупотреби.