Skip to main content
Свет

Аларм во Јадранското Море: Уловена смртоносна риба!

14/04/2026  18:15

Опасната пуферска риба Lagocephalus sceleratus повторно е забележана и уловена во Јадранското Море, овој пат во близина на Сплит, што предизвика реакција кај експертите и надлежните служби.

Станува збор за исклучително токсичен морски вид кој содржи тетродотоксин – силен отров што може да предизвика тешки здравствени последици, па дури и смрт доколку се консумира. Освен токсичноста, рибата се одликува и со силна вилица и остри заби, кои можат да предизвикаат сериозни физички повреди.

Надлежните служби апелираат рибарите и граѓаните да бидат крајно внимателни и да избегнуваат директен контакт со вакви примероци. Секое забележување или улов на овој вид се препорачува веднаш да биде пријавено со цел следење на неговото понатамошно ширење во морето.

Покрај оваа опасна риба, во Јадранското Море сè почесто се забележува и инвазивниот вид Pterois miles, познат како „светулка“, кој веќе е широко распространет во јужните и централните делови.

Научниците предупредуваат дека овие појави се дел од процесот на т.н. тропилизација – постепена промена на морските екосистеми поради навлегување на видови од потопли региони, што може да има долгорочни последици врз биодиверзитетот и безбедноста во морето.