Skip to main content
Хроника

Акциски контроли на МВР во угостителски објекти во Битола, затекнати 20 малолетници

13/04/2025  11:23

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на планираните активности денеска (13.04.) во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица.

Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски” затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај” биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.