
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во општината.
Според новото правило, за секои 10 м² новоградба, на јавните површини ќе мора да се засади по една нова садница дрво.
„Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, нагласувајќи дека Аеродром започнува нов мандат со цел повеќе зеленило и грижа за иднината.
Како дел од „зелената офанзива“, Митески заедно со општествено-одговорна компанија денес засади висококвалитетни садници јавор и јасен покрај булевар „Јане Сандански“, кај игралиштето „Калистеника“. „Таму каде што порано имаше бетон, од денес расте нов живот. Аеродром станува позелен, чекор по чекор, садник по садник“, порача градоначалнико

