
Маестралниот Ѓоко Јовиќ и момците од „Енерџи Бенд” вчеравечер ја промовираа својата најнова авторска песна која го носи насловот „Те сакам”.
Имено, оваа балада е прва песна од серијалот нови песни на кои бендот неуморно работеше во изминатиов период. Зад неа како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува синот на Ѓоко, Михаил Јовиќ, додека видеото е снимено на неколку локации во нашата Македонија и Сиднеј, Австралија под режисерската палка на докажаните М16 продукција.
– Оваа песна им ја посветувам на сите заљубени, на сите кои имаат некој што им значи во животот, некој со кого сакаат да останат и во добро и во лошо. Пратете им ја и израдувајте им го срцето со неа, вели Ѓоко Јовиќ.
Од бендот информираат дека секој нареден месец ќе објавуваат нови авторски песни, а следната ќе биде промовирана пред новогодишните празници.
Во продолжение, „Енерџи Бенд” и темата „Те сакам”.
