Skip to main content
Македонија

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор” на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

23/11/2025  10:23

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори. 

„Срамен и скандалозен „одговор” добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:

* причините за суспензијата на ИПАРД,

* времетраењето на блокадата,

* бројот на загрозени корисници,

* последиците за земјоделците,

* и планираните чекори за надминување на кризата.

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план. 

Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.” стои во објавата на Николовски.