Skip to main content
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир поради одрон

23/11/2025  09:03

Од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е во прекин поради одрон.

На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и Македонија Пат работи на санирање на истите.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.