Skip to main content
Спорт

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

21/11/2025  22:00

Премиер лигата го објави денеска распоредот за сезоната 2026/2027, која ќе почне една недела подоцна од вообичаеното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Воведното коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, една недела подоцна од вообичаеното, а завршното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година.

Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, што значи дека фудбалерите ќе имаат помалку време за одмор пред почетокот на национални првенства.

„Со сè повеќе згуснатиот глобален фудбалски календар, благосостојбата на играчите останува врвен приоритет за Премиер лигата. Како резултат на тоа, Премиер лигата ќе почне една недела подоцна следната сезона. Ова ќе овозможи да има пауза од 89 денови по завршувањето на тековната сезона и 33 денови по финалето на Светското првенство. Сезоната ќе заврши една недела пред финалето на Лигата на шампиони, кое ќе се игра на 5 јуни 2027 година“, се вели во соопштението на Премиер лигата.