Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

21/11/2025  18:01

Соопштение на ВЛЕН:

Но, граѓаните ги знаат фактите:

Судството беше претворено во подружница на ДУИ.
Одлуките не беа донесени во судовите, туку во партиските ходници.
Промените во Кривичниот законик беа донесени за амнестија на корумпираните.
А денес зборуваат за владеењето на правото?

Владеењето на правото е токму областа каде што ДУИ остави најдлабоки траги, а тоа не го кажува политиката, туку самата Европска Унија.

Извештајот на Прибе ја опиша владата на Груевски-Ахмети како класичен пример за заробување на државата: со измислени политички случаи, системска неправда и како резултат на тоа илјадници Албанци протерани од земјата.