Стефковски: Објавувам нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани 

Го објавувам новиот социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани погодени од енергетската и финансиска криза.

Општина Гази Баба ќе исплаќа паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза како месечен надомест за месеците јануари и февруари 2023 година.

Во социјалниот пакет се опфатени две категории и тоа:

Паричната помош за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени граѓани, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош).

Месечна парична помош за корисници на пензија до најмногу 15.000,00 денари, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 15.000 денари, жители на Општина Гази Баба.

Јавниот повик е во тек и ги повикувам граѓаните да аплицираат.

Линк до јавниот повик: http://gazibaba.gov.mk/…/aven-povik-za-dodeluva-e…

Ова е втор социјален пакет кој го реализира општина Гази Баба за помош на своите граѓани. – напиша Стефковски.

Треба да знаете
Последни објави