Skip to main content
Скопје

Општина Чаир почна со опремување на училиштата со нов инвентар

19/11/2025  15:31

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија”, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи.

Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, велат од Општина Чаир.

„ОУ „Лирија” е опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, кои се прилагодуваат според возраста и висината на учениците, создавајќи покомфорни услови и пофункционална средина за одвивање на наставниот процес. Истата донација е реализирана и во Основното училиште „Хасан Приштина”, при што во двете училишта ќе се уредат вкупно по шест наставни кабинети со нов инвентар.

Овој инвентар е дониран од компанијата „Ефтинија Импекс”, на која Општина Чаир ѝ изразува благодарност за поддршката и посветеноста кон образованието и заедницата.

Донацијата се реализира во рамките на активностите за ноемвриските празници, меѓу кои и Денот на Албанската Азбука.

Ова е само почеток.
Целта на Општина Чаир е во рок од една година сите основни училишта да бидат опремени со нови клупи и столчиња од овој стандард, со што значително ќе се унапредат условите во училишната средина и стандардите на наставата“ се наведва во соопштението од Општината.