
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги одреди стартните единаесет за вечерашниот дуел против Велс.
На последниот натпревар од групата во стартниот состав се: Димитриевски, Илиевски, Велковски, Зајков, Стојчевски, Ашковски, Костадинов, Барди, Алими, Миовски, Елмас.
Натпреварот почнува од 20:45 часот, нам ни одговара и реми да завршиме како втори, а главен судија е Дани Макели од Холандија.

